Репрезентацијата на Италија е вториот финалист на Европското првенство во фудбал, откако ја совлада Германија со 2:1 и закажа средба со Шпанија на 1. јули за титулата.
Во првото полувреме Марио Балотели со два фантастични погодоци во 20. и 36. минута ја донесе Италија во водство од 2:0.
Во вториот дел Германија одеше на се или ништо и со тој ризик беше ранлива одбраната, можеше Италија да постигне гол во два-три наврати но не успеа, за во втората минута од надополнувањето Месут Озил од пенал да го ублажи поразот.