Бакс го победи шампионот, Голден Стејт даде нова жртва

Од:

Милвоки Бакс го совлада Торонто Рапторс со 115-105 во меч регуларниот дел од НБА. Тоа беше прва средба меѓу двата тима од финалето во Источната конференција минатата сезона во која преовладаа „диносаурусите“.

Носителот на наградата МВП, Јанис Адетокумбо, беше близу до „трипл-дабл“, откако со 36 поени, 15 скокови и 8 асистенции придонесе за успехот на Бакс. За гостите, Кајл Лори исто така постигна 36.

Во Сан Франциско, Голден Стејт Вориорс продолжуваат со својот лош настап уште од почетокот на сезоната, откако вчера беа поразени од Шарлот Хорнетс со 87-93. Ова не е ниту најлошата вест за „воините“ кои станаа жртва на нова повреда.

Дрејмонд Грин ја повреди раката и му се придружи на Стивен Кари на „амбулантата“.

Резултати од НБА:

Сити Оклахома – Њу Орлеанс – 115: 104
Детроит – Бруклин – 113: 109
Орландо – Денвер – 87:91
Вашингтон – Минесота – 109: 131
Мемфис – Феникс – 105: 114
Милвоки – Торонто – 115: 105
Голден Стејт – Шарлот – 87:93
Портланд – Филаделфија – 128: 129.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он