Бајиќ избра 15 кошаркари за мундијалските квалификации против Шпанија и Украина

Од:

Селекторот на македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, го скрати списокот за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот куп во 2023 година и се определи за 15 кошаркари за натпреварите против Шпанија и Украина.

Првиот собир на националниот тим е предвиден за вечерва во Скопје, а од понеделник стартуваат мини подготовките пред почетокот на светските квалификации

Во првиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Светскиот куп 2023, на 26 ноември, во Скопје, „црвено – жолтите“ го пречекуваат актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Шпанија, а на 29 ноември следува и гостувањето против Украина во Киев.

Повикани кошаркари за ноемвриски квалификациски циклус се: Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Дамјан Робев, Адем Мекиќ, Дамјан Стојановски, Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Виктор Ефремовски, Андреј Маслинко, Кирил Николовски, Лејсон Зекири, Андреј Магдевски, Теодор Симиќ и Џејкоб Вајли.

Би можело да ве интересира

Mакедонија ја прегази Норвешка и обезбеди место во квалификациите за ЕП

Митрашиновиќ: Докажавме дека македонските кошаркарки имаат квалитет

Ти Џеј Шортс, најдобриот стрелец во Бундеслигата, ќе биде нов репрезентативец на Македонија

Ненад Димитријевиќ се приклучи на националниот тим

Стојан Ѓуроски надвор од кошаркарските терени следните два месеца

А1он

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он