Бајиќ: Целта е да ја подмладиме репрезентацијата и да се вратиме на големите натпреварувања

Од:

Новиот селектор Драган Бајиќ денеска официјално ја презеде македонската сениорска кошаркарска репрезентација и најави подмладување.

– Просечната возраст изнесува околу 24 години и мислам дека тоа треба да биде патот за иднината. Се надевам дека ќе можеме да ги повториме резултатите од некоја не толку далечна иднина. Се што правевме од почетокот на моето преземање е со таа цел и јас од него не планирам да се откажам. Сакам репрезентацијата да се подмлади, да направиме некој план и пат за во иднина за да успееме да се вратиме на големите натпреварувања. Од моето назначување, се обидов да ги следам сите кандидати за националниот тим, разговарав со сите нив и избрав некои момци на кои сега можам да сметам. Ќе бидат тука 16 кошаркари кои ќе ги користиме во тренажниот процес и сите ќе конкурираат за репрезентацијата, рече Бајиќ пред првиот собир на сениорите во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Претходните денови тој тренираше со неколку потенцијални репрезентативци кои треба да бидат потпора на поискусните, додека оние кои го носеа товарот претходните години, почнаа денеска.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Македонија без селектор ќе тргне за Грузија, Бајиќ не добил дозвола за влез во Косово

Катерина Ѓуровски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска