„Бадел” шампион на меморијалниот турнир „Сестри Китеви“

Од:

„Бадел” ја понесе шампионската титула на меморијалниот турнир „Сестри Китеви“ вчера во Кавадарци, во рамките на традиционалната манифестација “Тиквешки гроздобер” во овој град.

Во финалето од првата женска кошаркарска лига, екипата на актуелниот шампион повторно беше подобра од тимот на МНА “Кожувчанка”, овој пат со 41-67, кој пак во полуфиналето славеше минимална победа над “Ваис Профил” од 37-34.

Признанијата за освоените места им ги доделија директорот на јавното претпријатие спортска сала „Јасмин“ Сашко Атанасов, претседателот на Сојузот на спортови на град Кавадарци Борче Ѓорѓиев и Бетиан Китев, како претставник на фамилијата Китеви.
За најдобар млад играч беше прогласена 13-годишната Благица Наумчева од тимот на “Ваис Профил”.

Покрај натпреварувачкиот дел, турнирот го одбележа и повторниот собир на дел од најголемите легенди на кавадаречката женска кошарка кои одиграа ревијален натпревар со кошаркарките на МНА „Кожувчанка”.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос