Кошаркарките на Бадел 1862 ја одбранија титулата во женскиот Куп на Македонија, откако денеска во финалето во салата „Градски парк“ во Скопје го победија Лотос со 63:52 (21:8; 10:15; 18:16; 14:13).
Ова за Бадел (поранешен Вигор и Симекс) е вкупно 12. триумф во куп натпреварувањето.
Едина Муса од Лотос со 27 поени и 21 скок беше најдобра на натпреварот, додека кај Бадел Анжелика Митрашиновиќ постигна 17 поени, а Александра Стојановска имаше 14 поени и 10 скокови.
И младинската екипа на Бадел победи во финалето на младинскиот куп по триумфот над Младост Битола со 79:59.