Азар предводник на петте најплатени фудбалери кои често се повредуваат

Од:

Истражување на компанијата Betiton покажа колку европските клубови трошат на играчи кои често се повредени,

Најголем дел од парите се потрошени на Еден Азар, кој заработува 475 илјади евра неделно во Реал Мадрид. Поради повреди, тој пропушти 252 дена минатата сезона. Така, Реал му плати на играчот околу 17 милиони евра во време кога тој не можеше да влезе на теренот.

Второто место на рангирањето што го состави компанијата „Betiton Sports“ го зазеде играчот за врска на Барселона, Филипе Кутињо. Бразилецот заработува околу 474 илјади евра неделно и пропушти 233 дена поради повреди. Загубите на Барса изнесуваат околу 16 милиони евра.

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар е на третата позиција. Заработува околу милион евра неделно и пропушти 95 дена минатата сезона. Загубите на парижаните се околу 13,6 милиони евра.

Четврти на списокот е играчот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба, кој пропушти 230 дена минатата сезона. Тој добива скоро 340 илјади евра неделно, па клубот изгубил околу 11 милиони евра поради неговите повреди.

Петтото место го зазеде Марко Ројс, чија плата во Борусија Дортмунд е 245 илјади евра. Тој пропушти 214 дена, а клубот во овој период му исплати околу 7,5 милиони евра.

Студијата се однесува на периодот април 2020 година – март 2021 година.

Би можело да ве интересира

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

А1он

Голем пресврт на аферата што го потресе европскиот фудбал: Пол Погба се враќа во март

Предраг Петровиќ

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ