Азар посакува да го види Сари на селекторското место во Белгија

Од:

Фудбалерот на Челзи, Еден Азар верува дека тренерот на „сините“ од Лондон, Маурицио Сари може во иднина да ја предводи репрезентацијата на Белгија.

Азар додава дека ужива во работата со италијански специјалист и дека Сари може со успех да ја води и неговата репрезентација.

– Сари е тренер кој сака да с енадигрува на натпреварите. Тоа е од голема важност. Покрај тоа, тој е Италијанец. Во неговата работа има многу тактики, па мора да се работи многу. Не сакам да кажам дека со други тренери немав слобода. Конте и Мурињо исто така ми дозволија да го правам она што го сакав, но со Сари е поинаку. Не сакам да бидам некоректен кон Роберто Мартинез, но можеби, кога неговата работа со белгискиот национален тим ќе заврши, него може да го замени Сари, изјави Азар.

Белгиецот ги негираше шпекулациите дека има потпишано нов договор со Челзи.

– Се уште не потпишав нов договор, нагласи Азар.

Сегашниот негов договор истекува во 2020 година, а во англиските медиуми се појавија шпекулации дека следната недела ќе биде објавена нова соработка меѓу двете страни.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

ВИДЕО: Белгијците се вратија во игра со триумф над Романија

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски