Автомобилите на „Шкода“ ќе се поврзуваат со уреди со Андроид

Од:

Чешката автомобилска индустрија „Шкода Ауто” во иднина ќе овозможи поврзување на мобилни уреди со оперативниот систем Андроид со електрониката на своите автомобили.

Како што соопшти компанијата, новата услуга ќе стане достапна поради членството во „Отворената автомобилска алијанса“ (ОАА), која ги здружува светските производители на автомобили, интернет компанијата „Гугл“ и производителите на електроника.

Андроид е најпопуларниот оперативен систем за мобилни уреди како што се паметните телефони или таблети. Целта на Алијансата е атрактивна и безбедна интеграција на уредите со Андроид со автомобилот.

– Партнерството со ОАА ќе ни овозможи во нашите автомобили да понудиме атрактивни интернет апликации базирани на Андроид оперативниот систем, со што автомобилското поврзување го ставаме на повисоко ниво, соопшти „Шкода“.

Поврзувањето на паметните телефони и таблети со систем за инфомации и забава на автомобилот овозможува брзо и едноставно гледање на содржините од телефонот.

Работењето со апликацијата е прилагодено со потребите на возачот, а целта е меѓусебно поврзување без да се одвлекува вниманието на возачот од патот.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска