Австралиски играчи од НБА донираа 750 илјади долари за справување со пожарите во нивната татковина

Од:

Австралиските кошаркари Арон Бејнс (Феникс), Џон Болден и Бен Симонс (Филаделфија), Метју Делаведова и Данте Егзам (Кливленд), Џо Инглс (Јута), Патрик Милс (Сан Антонио), Рајан Брокхоф (Далас) и Тон Макер (Детроит), донираа 750.000 американски долари за гаснење на шумските пожари во матичната земја.

– Ги повикувам моите браќа од Австралија секој кој има можност да придонесе за надминување на последиците од катастрофата, не само сега, туку и да ги поддржуваат заедниците да се справат со огновите. Австралија е силна земја и ги повикувам сите да бидат храбри и да покажат сочувство едни кон други во овие екстремно тешки времињ, вели Бен Симонс во изјавата.

Како резултат на пожарите во Австралија, животот го загубија педесетина лица, уништени се околу шест милиони хектари шума, а настрадаа и стотици илјади животни.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот