Австралија и Шпанија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство за кошаркарки

Од:

Репрезентациите на Австралија и на Шпанија се првите полуфиналисти на Светското првенство за кошаркарки, што се одржува во Турција.

Австралија во првото полуфинале ја победи Канада со 63:52, а решавачка беше втората четвртина која кошаркарките на Австралија ја добија со 17:7. Во полуфиналето Австралија ќе игра со победникот од дуелот САД – Франција, што се игра вечер од 20:15 часот.

Шпанија во второто четвртфинале ја совлада Кина со 71:55. Шпанските кошаркарки победата ја обезбедија во првиот дел што го добија со 35:17. Противник на Шпанија во полуфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу домаќинот Турција и Србија што се игра од 18 часот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос