„Ауди“ во 2017 година на Месечината испраќа ровер

Од:

Во соработка со тим научници од Германија, автомобилскиот гигант „Ауди“  разви лесно лунарно возило што до крајот на 2017 година ќе биде лансирано на Земјиниот природен сателит.

Германскиот производител на автомобили во 2015 година го почна проектот за изработка на лунарен ровер, за да се вклучи во натпреварот „Гугл Лунар Х Прајс“, чија крајна цел е успешно слетување на Месечината.

Според пропозициите на натпреварот, наградата од 30 милиони долари ќе ја освои компанијата на која ќе и појде од рака на површината на Месечината успешно да спушти лунарно возило, што потоа ќе мора да измине најмалку 500 метри и да испрати фотографии назад на Земјата.

Роверот „Ауди кватро“ е дело на 16 стручњаци од оваа компанија, кои на проектот заедно работеле со тимот научници од Германија. Возилото е тешко само  30 килограми, благодарение на употребата на лесни материјали и алуминиум.

Роверот е придвижен од батерии развиени со помош на „Е-трон“ технологијата на „Ауди“, која инаку ја користат електричните автомобили на оваа компанија, а „Ауди“ планира со помош на летелото „АЛИНА“, кое ќе се спушти на Месечината, да испрати два „кватро“ ровера. Тие треба на површината на Мсесечината да атерираат кон крајот на 2017 година.

За процесот на лансирање од Земјата е задолжена компанијата „Спејс Флајт Индустрис“, во која партиципира и „СпејсХ„ на Илон Маск, основачот и сопственик на „Тесла Моторс“.

Конструирањето на „кватро“ роверот на „ Ауди“ е завршено, а останато е само уште да се извршат финалните тестирања на возилото на локации чија топографија и состав на земјата се слични на оние на Месечината.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Постои основан сомнеж дека Груби го добил аудито затоа што влијаел врз милионски тендер и купопродажба на хотел на Попова Шапка

Предраг Петровиќ

Груби нема да добие ниту сообраќајна казна за запаленото „ауди’: Може да вози кола на пријател без полномошно

A1on