Ауди по повод 25 години од почетокот на производството на ТДИ мотори, премиерно на Саемот на автомобили во Лајпциг, го претстави концептниот модел РС5 ТДИ.
Концептот е базиран на спортското купе РС5, но 4,2 литарскиот В8 бензински мотор е заменет со 3,0 литарски В6 ТДИ би-турбо мотор со 385 коњски сили.
Со цел да се анулира доцнењето на реакцијата на турбо-компресорот, моторот сега има електронски контролиран механички компресор. За пренос на силата на двете оски се користи 8-степен автоматски менувач. Се тоа е доволно за забрзување од 0 до 100 километри на час за 4 секунди и максималната брзина од 280 километри на час.
Ауди тврди дека просечната потрошувачка на гориво изнесува помалку од 5 литри на 100 километри.
За споредба стандардниот РС5 со мотор од 450 коњски сили од 0 до 100 километри на час забрзува за 4,6 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.