АТП до Мареј: Само повреден смееш да не играш во Лондон

Од:

Британскиот тенисер Енди Мареј, кој најави дека може да го пропушти АТП турнирот во Лондон, со цел да се подготви за финалето на Дејвис купот, бил предупреден да не го прави тоа, бидејќи може да биде санкциониран.

Претседателот АТП Крис Кермод рече дека Мареј е должен да учествува во финалето на АТП турнирот во ноември и дека смее да се откаже само доколку е повреден.

– Сите тенисери кои се квалификувани за турнирот се должни да учествуваат на него, а единствено само поради евентуални повреди може да отсуствуваат, изјави Кермод.

Мареј по победата на Велика Британија против Австралија минатата недела во Глазгов и пласманот во финалето на Дејвис Купот, прв за Британците по 37 години, изјави дека постои можност да го жртвува завршниот турнир во Лондон, ако Белгијците одлучат да играат на земјена подлога.

Финалето во Дејвис купот е закажано за последниот викенд на ноември.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров