Атлетико Мадрид прогласи банкрот

Од:

Доскорешниот клуб на Кирил Лазаров, шпанскиот ракометен гигант Атлетико Мадрид прогласи банкрот. Веста за крајот на постоењето на еден од најдобрите клубови во шпанскиот ракомет денеска ја објави претседателот на клубот Доминго Диаз.

Атлетико и покрај напорите не успеа да излезе од финансиските проблеми поради кои клубот во последниот период го напуштија најдобрите играчи. Атлетико всушност е наследник на Сиудад Реал, тим кој во 2011 година се пресели во главниот шпански град.

Под името Атлетико клубот има освоено еден шпански куп и еден Суперкуп.

atletikomadridbakrot

Со прогласувањето на банкрот, ракометарите на Атлетико можат да одат во други клубови како слободни играчи.

Останува да се види одлуката на ЕХФ која екипа ќе го замени Атлетико кој имаше обезбедено место во Лигата на шампионите. На завземање на слободното место во ЛШ се надева и македонскиот вицепрвак Металург.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa