Екипите на Асвел Вилербан и на Уникс Казан ќе играат во финалето од квалификациите за влез во кошаркарската Евролига. Синоќа двата тима постигнаа победи во полуфиналните дуели.
Во „француската пресметка“ Асвел Вилербан го победи Стразбур со 74:65. Во второто полуфинале руската екипа Уникс Казан го совлада израелскиот Хапоел Ерусалим со 82:71.
Почетокот на дуелот е во 20:30 часот. Победникот од овој натпревар ќе игра во А групата од Евролигата против Реал Мадрид, Анадолу Ефес, Жалгирис, Нижњи Новгород и Динамо Сасари.