„Астон Мартин“ го прекинува производството на моделот „Сајнет“

Од:

По само две години од лансирањето, „Астон Мартин“ соопшти дека престанува со производство на луксузниот мал градски автомобил „Сајнет“.

Гласините дека „Сајнет“ може да биде „тргнат“ се појавија неодамна во автомобилските медиуми, а веста официјално ја потврди и претставникот за печат на британскиот производител во разговор за „Аутокар“.

Според него, „Сајнет“ нема да има свој наследник, а компанијата во следниот период ќе го насочи своето внимание кон развојот на спортски автомобили што неколку години ќе добиваат мотори од „АМГ“.

Веста за прекинот на производство не претставува изненадување, со оглед на фактот дека овој автомобил имаше малку допирни точки со тардиционалните модели на „Астон Мартин“.

„Сајнет“ во суштина претставува полуксузно опремена верзија на „Тојота Ај-Кју“, со маска на ладилникот на „Астон Мартин“ и други претежно козметички унапредувања во однос на оригиналниот модел.

Под хаубата е заддржан 1.33-литарскиот четирицилиндричен бензински мотор на „Тојота“ со 98 КС (72 КW).

Покрај сето ова, цената во Велика Британија изнесуваше околу 31.000 фунти (37.000 евра), што е околу 2,5 пати повеќе во однос на моделот „Ај-Кју“.

Основната причина за лансирањето на моделот „Сајнет“ беше намерата на „Астон Мартин“ да ја намали просечната емисија на штетни гасови кај своите модели. Овој проблем во иднина треба да се реши со воведување еколошки прифатливи мотори, заради што британската компанија и склучи договор со одделението „АМГ“ на компанијата „Мерцедес“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска