Арнаутовиќ може да го замени Кејн во нападот на Тотенхем

Од:

Фудбалерот на Вест Хем, Марко Арнаутовиќ, може да се откаже од трансфер во кинески Шангај и да остане во Лондон, за да заигра во дресот на Тотенхем, пишува „Би-Би-Си“.

Раководството на Тотенхем нема да жали пари на Австриецот со српско потекло, кој би бил идеална замена за Хари Кејн, кој нема да игра поради повреда до март.

Но, не само поради ова, туку и на долг рок, бидејќи се шпекулира дека капитенот на репрезентацијата Англија ќе се пресели во Реал Мадрид ова лето.

Арнаутовиќ практично се прости од навивачите во мечот против Арсенал пред неколку дена, требаше да потпише за Шангај, кој му понуди плата од 20 милиони евра, но сега се вклучи Тотенхем.

Дваесет и девет-годишниот напаѓач пристигна во Вест Хем во 2017 година за 25 милиони евра од Стоук, што во тоа време беше рекорд заклубот, а претходно играше за Вердер, Интер и Твенте.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“

Горан Наумовски

Сон Хјун Мин: Мора да се намали бројот на натпревари, фудбалерите не се роботи

Горан Наумовски

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Хери Кејн не е задоволен: Топ 4 пласман не е доволен!