Апел од РФМ да се реши кризата во Металург

Од:

Ракометната федерација на Македонија изрази загриженост од збиднувањата во РК Металург и смета дека проблемите во таборот на македонскиот шампион  имаат директно влијание и на македонскиот ракомет воопшто.

– Би сакале да упатиме високи пофалби и благодарност за сè она што РК Металург го направи во изминативе години со цел подигање на нивото на квалитет на македонскиот ракомет и оспособување на квалитетни ракометари кои се база на нашите национални селекции. Оградувајќи се од интерните релации и развојната стратегија на РК Металург, чувствуваме огромна загриженост за последиците кои ваквото неспортско однесување може да ги остави врз иднината на македонскиот ракометот, велат од РФМ.

Од федерацијата апелираат ситуацијата што поскоро да биде решена во интерес и на клубот и на репрезентацијата.

– Во списокот на ракометари на РК Металург кои се обратија до македонската (спортска) јавност се наоѓаат и 13 претставници на македонскиот национален тим. Освен што нивниот натамошен професионален ангажман е неизвесен, тие за неполни два месеци ја започнуваат можеби најтешката македонска ракометна експедиција до сега: настапот на СП 2015 во Катар каде што евентуалниот пласман меѓу првите седум тимови би значел квалификации за пласман на ЛОИ 2016 во Рио. Предизвик за кој на македонскиот ракомет му се потребни репрезентативци кои нема да бидат само здрави, физички и психички добро подготвени, туку ќе имаат и настапи во континуитет на сериозни натпреварувања.

На крајот РФМ потсетува и на последиците од неиграњето на преостанатите натпревари од Лигата на шампионите.

– Би сакале да предупредиме дека во случај на најлошото можно сценарио, доколку РК Металург не ги одигра преостанатите натпревари во Лигата на шампионите, според правилникот на Европската ракометна федерација би следувале (издвојуваме само неколку санкции): парична казна во максимална висина до 500.000 евра, евентуална суспензија (забрана за настап) во Лигата на шампиони 2015/2016 на македонскиот ракометен шампион од сезоната 2014/2015 година, евентуална забрана за настап на сите македонски екипи во европските купови што би значело комплетна изолација на Македонија од Европската ракометната мапа, стои во обраќањето на РФМ и изразува надеж дека РК Металург, како промотор на ракометот во државава и надвор од неа, ќе се заложи за добро состојбата и просперитетот на најтрофејниот македонски спорт.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ