Во истражувањето што го направија американскиот статистичар Марк Поркаро и турскиот новинар Ферсу Јахјабејоглу, се вели дека сумите не се официјални и 100% точни, но исто така се многу блиску до вистината.
Спред нив, Перо Антиќ, кој летово си замина од Атланта Хокс и потпиша за Фенербахче, се наоѓа на 32. место на листата со годишна плата од 1,2 милиони евра.
Прв на листата е Русинот Алексеј Швед, кого Химки го плаќа 3,4 милиони евра годишно. На второто место со плата 2,8 милиони евра е Шпанецот Руди Фернандес од Реал Мадрид.
Англичанецот Џоел Фриленд заработува 2,7 милиони во ЦСКА од Москва, а Олимпијакос го плаќа Гркот Василис Спанулис 2,6 милиони. Повеќе играчи се платени по 2,5 милиони годишно и тоа Србите Ненад Крстиќ и Милош Теодосиќ во Анадолу Ефес, односно ЦСКА Москва, Шпанците Хуан Карлос Наваро од Барселона и Серхио Љуљ од Реал Мадрид.
Најмногу за пари за плати одвојуваат клубовите од руската лига, вкупно 24,4 милиони евра.