Антиќ го потпиша договорот со Фенербахче

Од:

Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ го потпиша договорот со својот нов клуб турскиот Фенербахче.

Како и што беше најавено денеска крилниот центар беше претставен како голема ѕвезда, односно како играч кој веќе има две титули европски шампион (двете со Олимпијакос) и кошаркар кој доаѓа од најсилната кошаркарска лига на светот НБА лигата каде две сезони го носеше дресот на Атланта.

– Сакам да играм во екипи кои имаат високи цели и имаат амбиции да освојуваат титули. Поканата од тренерот Жељко Обрадовиќ стигна во вистинско време, а тоа беше тоа што го посакував и едноставно не можев да одбијам. Исто така, близината на Истанбул до Скопје е важен фактор за моето враќање од САД, изјави Антиќ на денешната прес- конференција.

Во екипата на Фенребахче Антиќ ќе го носи дресот со број 12.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос