Англија во полуфинале на Светско првенство по 28 години

Од:

По 28 години пауза, Англија повторно ќе игра во полуфинале на Светското првенство. „Трите лава“ успеаја да ја совладаат репрезентацијата на Шведска со 2:0 и се пласираа во битката за медали на СП 2018. Погодоците за успехот ги постигнаа Хари Мегваер (30) и Деле Али (59).

Повторно, големиот адут на англискиот тренер Гарет Саутгејт беа прекините. Без многу да блескаат во нападот, Англичаните прагматично и ладнокрвно стигнаа до двата погодоци. Многу силен натпревар на голот имаше Џордан Пикфорд, кој ги спаси сите удари на шведските напаѓачи.

За последен пат, англискиот тим беше во топ 4 на светот во 1990 година на шампионатот во Италија. Тогаш Британците загубија несреќно во полуфиналето од Германија по пенали (3:4), а потоа изгубија 1:2 од „азурите“ во натпреварот за третото место.

Би можело да ве интересира

Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра

Ана Ололовска

Бехрами исфрлен од швајцарската репрезентација

Ана Ололовска

Кејн е многу разочаран по Мундијалот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Цел свет зборува за Колинда, дел од Хрватите бесни

Наум Локоски

СП 2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Ана Ололовска

Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда

Ана Ололовска