Англичаните одбија да го осветлат Вембли во боите на Израел, жестоки осуди стигнаа од Тел Авив

Од:

Фудбалерите на Англија синоќа на Вембли ја совладаа Австралија минимално со 1:0 во пријателски натпревар со голот на Оли Воткинс.

Но, овој спортски настан остана во сенка на одреден притисок кој дојде од Израел, поточно од тамошниот Фудбалски сојуз кој се пожали затоа што Англичаните одбија да го осветлат стадионот во боите на оваа земја.

„Во историјата има моменти кога вистината е една, јасна и прецизна. Ова е токму таков момент“, изјави првиот човек на фудбалскиот сојуз на Израел, Моше Зуарез.

Тој додаде дека „не наишол на разбирање“ од ФА (Фудбалската асоцијација на Англија).

„Оние кои се плашат да го осветлат стадионот во комеморација на убиените и како знак на историска вистина од причини кои не можат да се разберат, можеби е подобро да не се обидуваме, тие се во уште помрачно време од она во кое е мојата земја. Сега, кога ова ќе се случи со ФА на земја која секогаш знае да биде морален светилник на слободниот свет, тогаш тоа е уште поголема причина за разочарување. Се обидов да им го објаснам ова на моите пријатели во ФА пред некој ден, но велат дека не разбираат.Сега тие се тие кои треба да ја објаснат нивната постапка“, додаде Хуарез.

Инаку, познатиот лак на култниот Вембли претходно светеше во боите на Украина, Турција и многу други земји во знак на солидарност со проблемите во кои се најдоа во изминатиот период, но не и на Израел.

Оваа одлука на Англичаните не остана незабележана, бидејќи рабинот Алекс Голдберг поднесе оставка од местото прв човек на мрежата на ФА „Вера во фудбалот“, по што ФА излезе со соопштение:

„Жалиме што рабинот Алекс донесе одлука да се повлече од функцијата шеф на фудбалската група. Иако ова е неформална група која не е дел од владејачката структура на ФА, ние сме благодарни за поддршката што ни ја дава во текот на годините. Важно е да ја разјасниме нашата одлука да не дозволиме знамињата на Израел и Палестина, донесени на барање на високи функционери на еврејската заедница, да бидат истакнати на Вембли“, велат тие.

Би можело да ве интересира

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Џезира: Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници