Ангеловски: Му подаривме вистински подарок на нашиот народ

Од:

Екипата на Работнички го продолжува успешниот пат во квалификациите од Лига Европа и по трите минати кола за македонскиот претставник останува уште бараж дуелите. Синоќа избраниците на тренерот Игор Ангеловски одиграа можеби најдобар натпревар последниве сезони на македонски екипи во еврокуповите.

На гостувањето кај турската екипа Трабзон, Работнички одигра 1:1 по 120 минути игра, а голот за нашиот тим го постигна Кире Маркоски во 112.минута.

– Им честитам на моите фудбалери за резултатот и прикажаната игра. Губевме со 1:0, а од 65.минута игравме и со играч помалку и на крајот се радувавме. Не беше лесно бидејќи за ривал имавме силен и скап тим. Ние одигравме со нашите срца, а му подаривме вистински подарок на нашиот народ. Трабзон беше добар, а ние сме победници, изјави за турските медиуми Игор Ангеловски.

По успешните елиминации на Флора Талин, Јелгава и Трабзон, Работнички денеска ќе го добие противникот за бараж дуелите.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски