Андреску сензационална победничка на US Open

Од:

Канаѓанката Бјанка Андрееску направи вистинска сензација, откако синоќа во финалето на Грен слемот во Њујорк ја совлада Американката Серена Вилијамс и го освои трофејот.

Деветнаесетгодишната Андреску во меч што траеше 1 час и 41 минути го доби првиот сет со 6:3, а вториот со 7:5 за конечни 2-0.

Така Серена остана на 23 Грен слем трофеи, додека Андреску која беше 15-та турнирска носителка стигна до својот најголем успех уште на почетокот на кариерата.

По овој триумф, Канаѓанката со романско потекло ќе направи скок од 10 позиции на ВТА ранг листата и о дутре ќе биде петта на светскиот поредок за тенисерки.

Вкупниот награден фонд на US Open изнесува 57,2 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Медведев и ја освои 24 Грен слем титула

ВИДЕО: Коко Гоф го освои УС Опен

Алкараз: Се предомислив, треба уште да учам

ВИДЕО: Ѓоковиќ му ја спушти слушалката на Шелтон-реакција за начинот на прослава на победата

Предраг Петровиќ

Медведев го елиминира Алкараз и закажа финале со Ѓоковиќ!

Предраг Петровиќ

Џере поведе со 2-0, а Новак се налути и сврте на 3-2