Андреј Кириленко ја заврши кариерата

Од:

Еден од најдобрите руски кошаркари во поновата историја Андреј Кириленко, објави дека ја завршува играчката кариера.

Последниот месец го одигра за ЦСКА откако доби отказ од НБА тимот на Филаделфија за кој не одигра ниту еден меч сезонава.

– Ова е крај на мојата кариера. Играв долго, имав многу успеси, но дојде време да преземам нова улога во кошарката, изјави 34-годишниот Кириленко.

Во богатата кариера популарниот АК47 (Комбинација од иницијалите и бројот на дресот) играше за ЦСКА Москва, а потоа во НБА тимовите Јута Џез, Минесота, Бруклин Нетс и Филаделфија.

Со 18 години и 132 дена во 1999 г. стана најмладиот играч кога било драфтуван во НБА. Освои неколку индивидуални награди во лигата и беше дела од Олстар тимовите.
Со Русија освои олимписка бронза 2012-та, злато и бронза на ЕУРО 2007-ма и 2011-та. Два пати бил прогласуван за играч на годината од страна на ФИБА. Во 2012 беше избран за МВП ба Евролигата .

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос