Анчелоти: Фудбал ќе има порано или подоцна, но сега треба да бидеме одговорни

Од:

Премиер лигата ќе биде обновена порано или подоцна, но во моментов приоритет за сите фудбалери треба да биде да се придржуваат кон владините регулативи, изјави менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти, цитиран од „Ливерпул Ехо“.

Тој додаде дека Британците се должни да учат од она што се случило во неговата родна Италија.

– Сите, вклучително и фудбалерите, се наоѓаат во многу тешка ситуација поради глобалната пандемија. Целиот свет се бори против вирусот и се надевам дека наскоро ќе се најде начин за излез од ситуацијата. Фудбалот останува страст, секако, и сега не можеме да гледаме натпревари. Необично е, никогаш не се случило да не можеме да одиграме натпревар. Ми недостасува, но ќе преживеам. Порано или подоцна повторно ќе играме“, рече тој.

Италија е најтешко погодена од коронавирусот со повеќе од 160.000 регистрирани пациенти и над 20.000 починати од инфекцијата. Сепак, на некои бизниси и продавници веќе им е дозволено да се вратат во нивниот нормален тек на работа.

– Ситуацијата е подобра сега. Моите сограѓани претрпеа многу затоа што нема многу болници со единици за интензивна нега (на почетокот на ширењето на болеста). Многу е важно сите да разбереме јасно што се случува. Ситуацијата е тешка и единствениот соодветен начин да се одговори е со самоконтрола. Треба да обрнеме внимание на она што го препорачува владата – да останеме дома и да го ограничиме социјалниот контакт за да престанеме со ширењето на вирусот. На почетокот, во Италија, не знаеја што ги погоди. Други земји ширум светот се должни да учат од она што се случи таму и да одговорат соодветно, вели Карло.

Анчелоти е едно од лицата на кампањата „сино семејство“ на Евертон, која им помага на луѓето во опасност од тотална изолација за време на кризата. Тој рече дека е клучно во неговата професија да има близок контакт со навивачите.

– Отсекогаш сум поддржувал навивачи, кои се во тешка состојба. Важно е да стапам во контакт со нив. Постојано го правам тоа затоа што се чувствувам добро во Евертон и имам непосредна врска со луѓето околу клубот. Најдов семејна атмосфера што ме натера да се чувствувам пријатно, заврши Анчелоти.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

Анчелоти не заборава на своите – ги контактирал Блекбурн кои бараат тренер

А1он