Анадолу Ефес поуспешен од Олимпијакос

Од:

Кошаркарите на Анадолу Ефес вечерва постигнаа победа од 77:69 над Олимпијакос во првиот натпревар од 29. коло од Евролигата.

Домашниот тим Анадолу Ефес беше во водство во текот на поголемиот дел од натпреварот, а најефикасен на дуелот беше Томас Ертел со 18 поени.

Во тек се дуелите: Бамберг – Дарушафака и Барселона – Макаби.

Утре се играат натпреварите: Црвена Звезда – Уникс, Галатасарај – Басконија, Жалгирис – Милано Армани, Панатинаикос – ЦСКА Москва и Реал Мадрид – Фенербахче.

Табела: Реал Мадрид 21-7 (победи-порази), ЦСКА 21-7, Олимпијакос 19-10, Фенербахче 17-11, Анадолу Ефес 17-12, Панатинаикос 17-11, Басконија 16-12, Црвена Звезда 15-13, Дарушафака 14-14, Жалгирис 13-15, Барселона 11-17, Бамберг 10-18, Галатасарај 10-18, макаби 10-18, Уникс 7-21, Милано Армани 7-21.

Пласман во ТОП 8 фазата досега имаат обезбедено Реал Мадрид, ЦСКА, Олимпијакос, Фенербахче, Анадолу Ефес, Панатинаикос, Басконија. На две кола докрајот за последното место конкурираат Црвена Звезда и Дарушафака.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска