Кошаркарите на Анадолу Ефес и Реал Мадрид по синоќешните победи во натпреварот број 3 од четвртфиналето на Евролигата имаат водство од 2-1 во победи против Олимпијакос односно Дарушафака.
Воедно на двете екипи потребна им е уште една победа за пласман во полуфиналето.
Анадолу Ефес го совлада Олимпијакос со 64:60, а најефикасен беше Брајан Данстон со 16 поени. Реал Мадрид ја совлада Дарушафака со 88:81, а на полувреме водеше со 46:33. Џејс Керол од Реал беше најпрецизен со 21 поен.
Следните дуели се играат утре, а домаќини се: Анадолу Ефес и Дарушафака.