Шампионката на Ролан Гарос од 2008 година Ана Ивановиќ без поголеми проблеми ја мина третата пречка и се пласира во осминафиналето на Ролан гарос. Таа денеска ја победи Дона Векиќ со 6:0 и 6:3 во сетови.
Пласман во следната рунда избори и Елина Свитолина, која со 2:1 во сетови ја победи Аника Бек.
Ализ Корне успеа истотака во три сета со 2:1 во сетови да ја победи Мирјана Лучиќ – Барони и во следното коло ќе игра против Свитолина.
Кај мажите во мечот од 2. коло што почна вчера, а заврши денеска Ришар Гаске го доби решавачкиот сет против Карлос Берлог со 6:1 во гемови за победа од 3:2 во сетови. Осминафинале денеска избори Тимураз Габашвили, кој со 3:0 во сетови го победи Лукаш Росол, а негов ривал ќе му биде Кеи Нишикори. Неговиот ривал во 3.коло Бенџамин Бекер поради повреда го предаде мечот.