„АМГ“ и „Астон Мартин“ ја потврдија соработката на новиот В8 мотор

Од:

По неколкумесеци шпекулирања, официјализирана е веста за соработката меѓу „АМГ“ оделот на „Мерцедес“ и „Астон Мартин“. Според соопштението што го објавија двете компании конечната спогодба треба да биде постигната до крајот на 2013 година.

За сега е обелоденето дека со договорот на „Астон Мартин“ ќе му биде овозможен пристап до ресурсите на „Мерцедес“ и „АМГ“, со заеднички сили да го развијат новиот В8 мотор што ќе ги движи новите модели на британскиот производител на луксузни спортски автомобили.

– Го избравме „АМГ“ како база за развој на идниот мотор, при што нашите автомобили и натаму ќе го задржат единствениот стил и карактер што ги краси сите овие 100 години, изјави шефот на одделението за развој во „Астон Мартин“, Иан Минардс.

– Горди сме заради соработката со „Астон Мартин“ и фактот дека токму ние ќе бидеме тие кои ќе ги снабдуваат со новиот мотор и другите компоненти. Тоа што не избраа за партнер е потврда на технолошките квалитати што ги поседува „АМГ“, изјави директорот на „АМГ“, Ола Каллениус, и додаде дека оваа спогодба претставува полн погодок за двете страни.

Освен моторот, „Астон Мартин“ за новата серија модели што ќе бидат придвижувани од В8 агрегат ќе искористи и одредени компоненти од електричните и електронските склопки на „Мерцедес“.

За возврат, сопственикот на „Мерцедес“, компанијата „Дајмлер“, ќе има влог во сопственоста на „Астон Мартин“, што ќе се движи до пет проценти, во зависност од динамиката на реализација на договорот.

Зад целата приказна за соработката се наоѓа потребата гама моделите што се произведуваат во „Астон Мартин“ да се вклопат во еколошките стандарди што во иднина ќе бидат дополнително заострени.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска