Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави ја одбрани титулата Светски првак во кошарка, откако вечерва во Мадрид во финалето ја совлада Србија со убедливи 129:92.
Кајри Ирвинг беше најефикасен играч кај победникот со 26 поени, пред Џејмс Харден со 23. Кај Србија прв стрелец беше Немања Бјелица со 18 поени.
За Србија финалниот пласман и сребрениот медал се одличен успех. Тие постигнаа резултат за пофалба на ова Светско првенство.
Бронзениот медал го освои Франција, а домаќинот Шпанија разочара со елиминацијата во четвртфиналето.