Екипажот на Тојота со број 8, во состав Фернандо Алонсо, Себастијан Буеми и Казуки Накаџима, ги освоија „6 часа на Спа“ – претпоследниот круг од супер сезоната во Светската серија на издржливост и се приближија до шампионската титула.
Победниците се справија со лошите услови на патеката, кои вклучуваа обилен дожд и три кратки снежни врнежи, и завршија со обиколка пред конкурентите.
Автомобилот на Тојота со број 7, кој го делат Мајк Конвеј, Хозе Марија Лопез и Камуи Кобајаши, стартуваше од пол-позицијата и водеше со 50 сек пред крајните победници до средината на трката благодарение на вонредниот питстоп за Буеми и извртувањето на Алонсо. Дефект на хибридниот систем на автомобилот сепак наметна влез во гаражата и тие заостанаа со четири круга, а на крајот завршија дури шести.
Алонсо, Буеми и Накаџима имаат 31 бод предност во пласманот, што значи дека седмото или повисоко место на „24 часа Ле Ман“ во јуни ќе биде доволно за титулата.
На второ место во Белгија финишира екипажот на Ребелион Рејсинг – Томас Лорен, Густаво Менезис и Натанаел Бертон. Подиумот го дополни екипажот на рускиот тим СМП Рејсинг – Стофел Вандорн, Витали Петров и Михаил Алешин.
Астон Мартин ја зедоа победата кај ГТЕ Про категоријата. Иако лошите временски услови, сите 34 екипажа, кои започнаа, успеаја да завршат.