Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз за прв пат во кариерата го освои Ролан Гарос.
По УС Опен и Вимблдон, третиот тенисер во светот стигна до уште една титула на Грен слем турнирите победувајќи го Александар Зверев во пет сета со 3:2. Резултатот беше 6:3, 2:6, 5:7, 6:1, 6:2 по четири часа и 19 минути игра.
Доволно е да се погледне статистиката и да се види дека Германецот имаше дури 23 брејк шанси, од кои искористи само шест.
За месец и половина треба да се врати во Париз и на исто место и на ист терен да се обиде да го одбрани златниот медал од Олимписките игри.