Карлос Алкараз има 22 години и веќе има освоено шест гренд слем трофеи. Кога Новак Ѓоковиќ беше на таа возраст, имаше само еден, но денес е рекордер со дури 24 титули. Токму затоа многумина го сметаат Шпанецот за сериозен кандидат еден ден да го нападне овој рекорд.
Сепак, Алкараз вели дека не размислува за тоа:
„Не размислувам за 24-те гренд слем титули на Ѓоковиќ или нешто слично“, рече тој на прес-конференција во Токио, каде што го започна турнирот од Серијата 500 како прв носител.
„Многу пати ме прашувате која е мојата цел како тенисер, а јас секогаш велам дека сакам да седнам на иста маса со најголемите легенди на овој спорт. Знам дека веќе постигнав многу, но никој не знае што носи иднината“.
Шпанецот освои седум трофеи оваа сезона, вклучувајќи ги Ролан Гарос и Вимблдон.
Од Мастерсот во Мајами во март, тој не загубил ниту еден натпревар пред финалето.
„Нема сомнение дека ова е најдобрата сезона во мојата кариера. Играм одличен тенис и мислам дека многу се подобрив како играч. Сакам да останам фокусиран на мојата секојдневна работа, да бидам уште подобар како тенисер и како личност“, додаде Алкараз.
На Вимблдон, тој го загуби финалето од Јаник Синер, но брзо се одмазди на Отвореното првенство на САД.
По тој пораз, Италијанецот најави промени во својата игра, а Шпанецот вели дека е подготвен:
„Сигурен сум дека ќе промени некои тактички работи кога повторно ќе се сретнеме. Истото го направив и по поразот во Лондон. Морам да останам фокусиран и правилно да одговорам на неговиот следен потег“.