Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е новиот шампион на Отвореното првенство на САД и се врати на врвот на АТП ранг-листата, откако вечерва во финалето го победи бранителот на титулата Италијанецот Јаник Синер со 6-2, 3-6, 6-1, 6-4.
Натпреварот траеше два часа и 44 минути. Ова беше 15-ти дуел меѓу двајцата тенисери и 10 победa за Алкараз.
Шпанскиот тенисер ја освои својата шеста Гренд слем титула со триумфот на Отвореното првенство на САД, втора во Њујорк, а има и две на Ролан Гарос и Вимблдон.