Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на АТП финалето во Торино.
Вториот тенисер во светот по 79 минути игра во меч кој за него беше „да се биде или не“ во црвената група го совлада Русинот Данило Медведев со 6:4, 6:4.
На тој начин се зацврсти на челната позиција во групата и тоа значи дека во сабота во полуфиналето ќе игра против Новак Ѓоковиќ.
Тоа беше и негова трета победа во пет меча против Медведев, кому му се одмазди за поразот во полуфиналето на УС Опен.