Алкараз ги надмина Ѓоковиќ и Федерер по еден рекорд

Од:

Со триумфот во финалето на Ролан Гарос, Карлос Алкараз стана најмладиот тенисер кој победил на сите три подлоги на Грен слемовите, но има уште рекорди што може да ги собори но и такви што повеќе не може.

Со победата над Александар Зверев (6:3, 2:6, 5:7, 6:1, 6:3) во Париз, тој ја освои третата Грен слем титула по успехот на УС Опен и Вимблдон.

Тоа го направи на возраст од 21 година и 35 дена, со што стана четвртиот најмлад човек што го направил тоа.

Тој ги надмина играчите како Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер кои не му се ни блиску по овој параметар, но остана зад три големи тениски легенди.

На третото место на таа листа се Рафаел Надал (21 година и седум дена), Матс Виландер (20 години и 109 дена) и Бјорн Борг (20 години и 27 дена).

Швеѓанецот остана неприкосновен со една година „луфта“ и тешко е да се замисли како некој ќе го собори тој рекорд.

Би можело да ве интересира

Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон

Алкараз го победи Томи Пол и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по пресвртот во осминафиналето на Вимблдон

Горан Наумовски

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз рутински се пласираше во третото коло на Вимблдон

Кралот Карлос: „Ова е непочитување кон Ѓоковиќ и Синер“

Предраг Петровиќ

Алкараз шампион на Ролан Гарос