Ѕвездата на штандот на Алфа на претстојниот женевски автосаем е првиот SUV во гамата на овој производител.
Првпат во својата историја подолга од еден век, Алфа зачекори во категоријата на SUV возилата.
Во Швајцарија ќе биде прикажан ексклузивниот модел Stelvio „First Edition” со 2.0 турбо бензински мотор со 280 кс, како и две нови Супер верзии, од кои едната со 2,2 дизел мотор со 120 кс, а другата со дизелаш со иста зафатнина од 180 кс. Двата мотора се поврзани со автоматски 8-степен менувач и нудат 4Q погон на сите тркала.
Еден од автомобилите ќе биде изложен во дополнителна опрема на фирмата Мопар, со 20 инчни алу фелни.
Атрактивниот штанд на Алфа ќе го комплетира топ моделот Stelvio Quadrifoglio опремен со 2,9 V6 Twin Turbo бензински мотор со 510 кс, кој светска премиера имаше во ноември во Лос Анџелес.
Саемот за автомобили во Женева почнува на 7 март во 2017 година.