Аксел Рејмонд со нов рекорд на охридскиот маратон

Од:

19 годишниот Французин, Аксел Рејмонд, со време 5 часа 9 минути и 54 секунди е победник на Охридскиот маратон и со ова време го сруши досегашниот рекорд на мартонот кој го држеше Бугаринот Петар Стојчев.

Најдобар пласиран Македонец е Евгениј Поп Ацев кој исплива на 4-то место, веднаш зад него стигна Томи Стефановски.

Бугаринот Петар Стојчев рече дека францускиот маратонец ќе биде идната ѕвезда на Охридскиот маратон во следните години.

Оваа година маратонот помина во сенка на тргањето од организацијата на пливачниот клуб од Охрид, „Охридски бранови“ кои цели 26 години беа технички организатири на маратонот. Од Пливачката федерација на Македонија нема образложение за ваквиот потег.

Во организацијата годинава не учествуваше ниту Црвениот крст од Охрид, кои изминатите години се грижеа за безбедноста на пливачите на маратонот.

„Трката беше доста брза, особено во втората половина, го следев Французинот до 3 километри пред крајот и тогаш ги испуштив во дечките двајца. Потоа следеше криза кај мене и брановите го направија своето, но задоволен сум од сторното“, рече Томи Стефановски по трката.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице