Акиевска и Богдановски наши претставници на светското бодибилдинг првенство во Шпанија

Од:

Нашите претставници Мери Акиевска и Петар Богдановски ќе учествуваат на светското бодибилдинг првенство, кое ќе се одржи на 8 ноември во Санта Сузана во Шпанија.

Компанијата „Моцарт“ годинава стана спонзор на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија.

Претседателот на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, Бобан Ѓороски најави дека целта на ова патување е медал.

-Бодибилдинг и фитнес репрезентативците се подготвени за патување, настап и битка со најдобрите на светот на светското првенство. Амбициите за ова светско првенство ни се поставени високо. Целта е медал, изјави Ѓороски.

Компанијата „ Моцарт“ соопшти дека на овој начин ја продолжува својата мисија за вложување во спортот ширум земјата.

-Задоволство ни е што ги поддржуваме Бодибилдинг и фитнес репрезентативците на ова многу важно натпреварување. Се надеваме дека ова спонзорство уште повеќе ќе ги мотивира нашите асови и ќе им помогне да го исполнат целиот свој потенцијал. Им посакуваме многу успех во борбата за медали, а ние со цело срце ќе навиваме за Мери и Петар. Тие за нас се веќе шампиони, порача Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во компанијата „Моцарт“.

Би можело да ве интересира

Хулк од Суботица е најсилниот човек на Балканот-влече камион од 10 тони и јаде три килограми месо

Предраг Петровиќ

Почина „Бразилскиот Хулк“: Со години си вбризгуваше масло во мускулите

Акиевска: Бодибилдингот треба да се категоризира како другите спортови и да имаме поголема поддршка

Ана Ололовска

Една година подготовки за балкански првак во бодибилдинг и фитнес на 41 години

Ана Ололовска

Прием за медалистите од Балканското бодибилдинг првенство

Ана Ололовска

Сакал да биде како Хулк – за малку ќе ги загубел рацете

Ана Ололовска