Прием за медалистите од Балканското бодибилдинг првенство

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за дел од членовите на Македонската бодибилдинг репрезентација која неодамна настапи на Балканско првенство што се одржа во Књажевац Србија.

Македонската репрезентација настапи со пет натпреварувачи во различни категории, а настапот на нашата репрезентација е повеќе од успешен.

Освојувањето на првото место за Алекксандар Трајковски во бодибилдинг класик и второ место за Дарко Стојановски во физик, го надополнија 4-то место за Горан Тромбев во јуниорска категорија, како и двете петти места во бодибилдинг лесна за Сергеј Цветковски и Ангела Гелинческа во фитнес. Спасески ја искористи можноста за да продискутира со челниците на Федерацијата околу идните планови на репрезентативците.

Претседателот на Федерацијата Бобан Ѓороски го најави одржувањето на семинари со врвни светски стручњаци од областа на бодибилдинг и фитнес, кои ќе бидат наменети исклучиво за натпреварувачите, како и стартот на ББФФМ за издавање на лиценци за бодибилдинг и фитнес инструктори.

Би можело да ве интересира

Хулк од Суботица е најсилниот човек на Балканот-влече камион од 10 тони и јаде три килограми месо

Предраг Петровиќ

Почина „Бразилскиот Хулк“: Со години си вбризгуваше масло во мускулите

Акиевска: Бодибилдингот треба да се категоризира како другите спортови и да имаме поголема поддршка

Ана Ололовска

Акиевска и Богдановски наши претставници на светското бодибилдинг првенство во Шпанија

Ана Ололовска

Една година подготовки за балкански првак во бодибилдинг и фитнес на 41 години

Ана Ололовска

Боди билдерот Васко Мамучевски единствен македонски претставник на Светското првенство во Дубаи

Ана Ололовска