Агенцијата за млади и спорт ги објави номинациите за најсупешни во спортот за 2021 година за кои ќе се гласа во девет категории.
За признанието „Спортистка на годината“ оваа година номинирани се Мери Акиевска (фитнес и боди билдинг), Викторија Варадинова (кик бокс), Пуликсенија Јованоска (карате), Арбреша Реџепи (џудо) Дрита Ислами (атлетика).
Наградата „Спортист на годината“ одлучува помеѓу таеквондистот Дејан Георгиевски, Димитар Ѓорѓиев (кикбокс), каратистот Емил Павлов, фудбалерот Елиф Елмас и Могамедгаџи Нуров (борење).
Помеѓу најуспешните спортисти на лица со инвалидитет номинирани се Оливера Наковска Бикова – (стрелаштво) и Андреј Стојаноски (пливање).
Од младите спортисти номинирани се Столе Смилковски (карате), Силвио Мировски (кик бокс), Омар Факиќ (самбо), Теодор Симиќ (кошарка) и Марко Митев (ракомет).
Помеѓу младите спортистки, за најуспешни се номинирани Миа Тодорова (кик бокс), Ива Младеновска (ракомет), Марија Спирковска (борење), Анасатасија Пожарска (спортско моделарство) и Михаела Алексовска (кошарка).
Наградата за најдобар тренер/селектор може да припадне на Љупчо Савевски (ракомет), Борче Костовски (таекдондо), Зоран Митровски (кик-бокс), Александар Кузмановски (карате) или Бранимир Јовановски (стрелаштво).
Во категоријата најуспешен машки национален тим во игра се националните тимови во фудбал, ракомет, одбојка, карате и атлетика. Додека, од женските национални тимови номинирани се Кадетски ракометен национален тим, Сениорскиот атлетски национален тим и Кадетски кошаркарски национален тим.
За најуспешни национални спортски федерации оваа година номинирани се Македонска Теквондо Федерација, Кик бокс маи таи федерација, Карате федерација на Македонија, Фудбалска федерација на Македонија и Ракометна федерација на Македонија.