Директорот на АМС Мојсовски на доделувањето на наградите од Меѓународната олимпијада по хемија

Од:

Агенцијата за млади и спорт (АМС) и оваа година ги поддржа нашите хемичари да учествуваат на 53-та Олимпијада по хемија, на која нашата држава учествува од 2013. Годинава учествуваа 312 ученици и 158 ментори од 79 земји во светот. До сега нашите учесници освоија вкупно седум бронзи што е голем успех во однос на други држави од целиот свет.

Директорот на АМС Наумче Мојсовски имаше можност да ги додели наградите, при што искажа големо задоволство што нашите натпреварувачи освојуваат медали и достојно ја претставуваат државата.

Тој потенцираше дека токму овие млади луѓе се наши најголеми амбасадори и дека очекува поддршката да се зголемува и во иднина да имаме што поголем број на успеси.

Оваа годината Олимпијадата се одржа онлајн, а нејзин домаќин беше Јапонија.

Македонскиот тим беше составен од четворица ученици и двајца ментори: Дарко Стојчев, , III година – СУГС „Јосип Броз Тито, Скопје (бронзен медал), Ања Спасовска, III година – СОУ „Гоце Делчев“, Куманово, Јан Стојановски, I година – ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, Михаил Трајков, IV година – ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, проф. д-р Миха Буклески – Институт за хемија, ПМФ, Скопје – проф. д-р Наташа Ристовска – Институт за хемија, ПМФ, Скопје.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Наумче Мојсовски да си поднесе оставка од АМС

Агенцијата за млади и спорт ги номинираше најуспешните во спортот за 2021 година

А1он

Мојсовски организираше прием за светската шампионка Мери Акиевска

Катерина Ѓуровски

БМУ Европските шампиони во брзински мотоциклизам на прием во Агенција за млади и спорт

А1он

Мојсовски: Големиот проект 14 затворени пливачки базени сега е реалност

А1он

Каратистите кадети, јуниори и У21 на Европско во Финска

А1он