Мојсовски организираше прием за светската шампионка Мери Акиевска

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска оствари средба со македонската и балканската шампионка Мери Акиевска која донесе дури четири златни медали од 75. Светски шампионат во бодибилдинг и фитнес, одржан во шпанскиот град Санта Сузана.

За овој огромен успех на македонскиот бодибилдинг и фитнес, Мојсовски упати честитки до Акиевска и вети поддршка и во иднина.

– Сонот за освојување на светската сцена за Мери Акиевска веќе е реалност. Оваа девојка од Крива Паланка стана светска јуниорска велнес шампионка, апсолутна шампионка во јуниорска конкуренција, светска сениорска велнес шампионка и апсолутна шампионка во сениорска конкуренција! Ова беше најголемото светско натпреварување до сега, а македонската химна се слушна дури четири пати, истакна Мојсовски.

Акиевска искажа огромна благодарност до Агенцијата за млади и спорт за поддршката без која овие успеси не би биле постигнати.

На Светското првенство учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1 500 натпреварувачи. Македонката победи во својата категорија до 163 см висина во јуниорска и сениорска конкуренција и во двете категории освои и победи во апсолутна категорија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Наумче Мојсовски да си поднесе оставка од АМС

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска

Агенцијата за млади и спорт ги номинираше најуспешните во спортот за 2021 година

А1он