АБА шампионот се засили со Скорцијанитис

Од:

Актуелниот првак на АБА лигата, тимот на Црвена звезда го ангажира грчкиот репрезентативен центар Софоклис Скорцијанитис и со тоа го поплни местото во тимот кое остана празно позаминувањето на Бобан Марјановиќ во НБА.

30-годишниот Скорцијанитис со своите 208 сантиметри и 158 килограми се очекува да биде големо засилување за „црвено-белите“ во чии редови доаѓа од Макаби Тел Авив.

Тој, минатата сезона на 26 натпревари во Евролигата имаше ефект од 6,7 поени и 2,4 скока по натпревар,сезоната 2013/14 со израелскиот тим ја освои Евролигата, а во сезоната 2010/11 се најде во идеалната петорка на елитното европско натпреварување.

Скорцијанитис настапувал и за Олимпијакос, Панатинајкос, Арис, Ираклис и Канту.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос