АБА лига: Петнаесетто коло започнува со дуелот Сутјеска и Тајфун

Од:

Екипите на Сутјеска и Тајфун вечерва во Никшиќ, ќе го играат првиот меч од 14.коло во регионалната кошаркарска АБА лига.

За утре закажани се два натпревари. Во Скопје, македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром за противник ќе ја има љубљанска Олимпија, против која ќе се обиде да ја прекине низата од шест порази, од кои три на домашен.

Натпреварот МЗТ Скопје – Унион Олимпија ќе се игра во СЦ „Јане Сандански’’ со почеток од 19 часот, а во вечерниот термин од 21 часот ќе играат Крка – Будуќност.

Во недела на програмата се три средби, Цибона – Задар, Игокеа – Цедевита (од 17 часот) и Партизан – Металац (од 19 часот), а колото ќе биде комплетирано со средбата Мега Лекс – Црвена Звезда која ќе се игра во понеделник од 21 часот.

Табела: Будуќност 24 бодови, Црвена Звезда 23, Цедевита 23, Мега Лекс 22, Задар 20, Тајфун 19, Крка 19, У. Олимпија 18, Игокеа 18, Партизан 18, Металац 18, МЗТ Скопје Аеродром 17, Цибона 17 и Сутјеска 17.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос