Претседателот на кошаркарскиот клуб Црвена звезда, Небојша Човиќ тврди дека победникот од лигата АБА директно ќе се пласира во Евролига.
ФИБА најави нов систем на Евролигата, па така од следната сезона ќе стартува формат на лига со 16 екипи, од кои 12 ќе бидат постојани учесници. Неизвесно е дали победникот на АБА лигата ќе има право да игра во Евролига, а претседателот на актуелниот шампион е убеден дека едно место ќе биде за победникот на регионалното натпреварување.
– Не можам да кажам 100 проценти, но јас сум речиси сигурен дека еден клуб од АБА лигата директно ќе игра во Евролигата, како и дека ќе има второто место во квалификациите. Мислам дека регионалната лига ќе има две места во вториот ранг на натпреварување – Еврокупот. Може да се случи да има и повеќе, но да видиме каков е ставот на ФИБА, изјави Човиќ.