Venturi го претстави болидот за уривање рекорди, a ктуелната вредност е 495 km/h, Французите веруваат дека ќе постигнат преку 600 km/h.
Дури и ако обидот за поставување нов рекорд не успее, Venturi нема да има причина да жали. Во 2010 година тие го поставија актуелниот рекорд за електрични автомобили на 495 km/h и сега се натпреваруваат сами со себе. Болидот со ознака VBB 3.0 е развиен во соработка со Универзитетот во Охајо и поседува моќност од 3.000 КС.
Електричното возило во форма на цигара веќе е подготвено за рекордното возење, но мора да се чекаат подобри временски услови. Точниот датум не е утврден, но сосема е извесно дека рекордот ќе се урива до крајот на оваа година, затоа што во следната веќе претстои нов обид за поставување рекорд на 700 km/h. Во 2015 година ќе се оди на уште побрзо. Зад воланот на Venturi VBB 3.0 ќе седи искусниот возач и актуелен рекордер Роџер Шроер од Центарот за развој на транспорт во Охајо.