20-та турнирска победа за Ѓорческа во двојки

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја оствари 20.та победа на фјучрс турнир во игра на двојки. Таа попладнево со Романката Кристина Дину во финалето ги победија вторите носителки Ирина Марија Бара и Диана Бузеан од Романија со 2-0 во сетови. Двата сета македонско-романската комбинација Ѓорческа – Дину ги доби со 6:4 и 6:2 во гемови.

Ѓорческа оваа година досега имаше четири турнирски победи по две во Египет и во Хрватска. Инаку, ова е втор триумф на Ѓорческа на турнир со награден фонд од 25.000 долари, додека сите други се на турнири со награден фонд од 10.000 долари.

Инаку, Ѓорческа денеска веќе постигна една победа и во четвртфиналето ја совлада Патриција Маир-Ахлеитнер од Австрија со 2-0 во сетови и утре во полуфиналето ќе игра со Романката Дину, со која победија во игра на двојки.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров